По повод 70 години постоење на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Струмица и 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, во Струмица беше одржан научен собир на тема: Епиманонда Поп Андонов и македонското народноослободително и антифашистичко движење за време на Втората светска војна (1941-1945).
На научниот собир учествуваше и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија со свој претставник, м-р Жаклина Мучева која зборуваше на тема: АНТИФАШИСТИЧКАТА БОРБА НА ЕВРЕИТЕ ОД БИТОЛА ПРЕКУ ЛИКОТ И ТВОРЕШТВОТО НА ЖАМИЛА КОЛОНОМОС – ЦВЕТА.
На научниот собир се презентираа нови истражувачки сознанија поврзани со историските, воено-политичките, културните, духовните и општествените околности во Македонија, на Балканот и во Европа (пошироко) пред, за време и по Втората светска војна (1939-1945) со посебен осврт на македонската народнослободителна борба и на антифашистичко движење во Македонија (1941-1945) проследени (систематски разгледани) како феномени (историски појави) вградени во темелите на современата македонска држава.
Од научниот собир ќе произлезе зборник во кој ќе бидат поместени трудовите на сите учесници.