ПОФАЛНИЦА ЗА МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА МУЗЕЈСКИ ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА


Комисијата за доделување на наградата “18 Мај – Меѓународен ден на музеите” на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите МНК ИКОМ денеска ни ја додели пофалницата за проектот „Покривање на постојаната поставка со брајова азбука и знаковен јазик како еден мега проект за инклузивност“
„Музеи, одржливост и благосостојба“ беше темата на годинашното традиционално советување на МНК ИКОМ во пресрет на 18 Мај – Меѓународен ден на музеите, кое се одржа во Музејот на современата уметност во Скопје. По излагањата на членови на МНК ИКОМ во однос на темата и состојбите во Македонија, беа доделени традиционалните награди.
Комисијата за доделување на наградата „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за особени достигнувања во музејската дејност за 2022 година ги додели следниве награди:
– Музеј на годината – Национална галерија на РС Македонија;
– Музејски проект на годината – Спомен куќа на Мајка Тереза за проектот „Двете рози на Исус“, автор: Цветанка Вучковска – Митовска;
– Музејски работник на годината – Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија.
Пофалници добија и :
– Музејски проект на годината на Завод и музеј Битола за проектот „Грло елемент од народна носија“, автор: Наде Геневска Брачиќ;
– Музејски проект на годината – Музеј на РС Македонија за публикување на изданието „Македонски Сокај“, автор: Горданче Видиниќ;
– Музејски проект на годината – Музеј на град Скопје за проектот „Точки на интерес“, автор: Станимир Неделковски;
– Музејски проект на годината – Музеј на РС Македонија за проектите „Гозби за живите, претците, боговите и светците“ и „Повеќе од зборови – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива“, автор Јован Шурбановски;
– Музејски работник на годината – Ирена Ружин од Завод и Музеј Битола и на Климент и Биљана Балеви од Завод и Музеј Охрид.
 
 
 
 
 
 
 

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN