ВО МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ СЕ ОДРЖА ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА ОД УЧИЛИШНИОТ ПРОЕКТ ХОЛОКАУСТОТ НИЗ ПРИЗМАТА НА ДЕТСКИТЕ ОЧИ


Во присуство на ученици - учесници, наставници и родители беа доделени наградите од литературниот конкурс и наградите за дигитална содржина.
Оваа година учествуваа 60 училишта од земјава со творби од ученици во три конкурси: ликовен, литературен и дигитална содржина.
На овогодинешниот литературен конкурс со тема „Писмо од Треблинка“ пристигнаа 89 творби на ученици од 6-то до 9-то одделение.
ПРВА НАГРАДА
Каја Хоџиќ VIIIб одд. , ООУ,,Григор Приличев”- Скопје
Ментор: Татјана Силјаноска-Гочкова
ВТОРА НАГРАДА
Ана Марија Србиноска IX-1, ОOУ „Д-р Владимир Полежиноски- Кичево
Ментор: Ирена Мирчески
ТРЕТА НАГРАДА
Теа Беркова IX-2 одд, ООУ „Димитар Влахов“- Штип,
Ментор: Марија Иванова
Од пристигнатите 19 краткометражни филмови на тема „ Од име до бројка“, жири комисијата награди 2 филма.
ПРВА НАГРАДА: ООУ „Димката Ангелов – Габерот“ од Ваташа.
Во неговата реализација учествуваа учениците Глигор Данов 8 одд, Симона Петрова 8 одд, Тоше Петров 9 одд, Слободанка Арсова 9 одд, Верица Коцева 7 одд, Валерија Плачкова 7 одд, Никола Петров 9 одд а монтажата е сработена од Тоше Петров 9 одд. Ментори се Моника Василевска, наставничка по историја, Јанушка Милкова, наставничка по македонски јазик.
ВТОРА НАГРАДА: ООУ „Блаже Конески“, Скопје
Изработено од Давид Мишовски, Јакоб Заев, Ива Каевиќ, Надја Илиевски, Лара Алегра Пецевска. Ментор Билјана Шотаровска.
Сите ученици, нивните ментори и училиштата кои учествувале на конкурсите добиваат благодарници.
Им честитаме на наградените и им благодариме на сите учесници за трудот.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN