9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа

На денешен ден се сеќаваме на победата над фашизмот и на крајот на Втората светска војна – најразорниот и најтрагичен конфликт во историјата на човештвото, кој зад себе остави милиони жртви, уништени семејства и длабоки трауми што засекогаш го променија светот.

9 Мај е ден кога оддаваме почит на сите жртви на фашизмот и холокаустот, но и ден кога ја потврдуваме нашата определба за мир, слобода, демократија, солидарност и почитување на човековите права.

Овој датум не е само историско сеќавање, туку и силен потсетник дека антифашизмот не е минато, туку трајна вредност што мора постојано да се негува и брани. Во време кога светот повторно се соочува со омраза, нетолеранција и поделби, обврска на сите нас е да продолжиме да се спротивставуваме на дискриминацијата, антисемитизмот и сите облици на екстремизам.

На фотографиите меѓу партизаните се и Евреи од Македонија кои активно учествувале во Народноослободителната борба, борејќи се за слобода, достоинство и подобра иднина. Нивната храброст и жртва остануваат важен дел од нашата заедничка историска меморија.

Во чест на нивното учество и придонес, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија подготвува изложба посветена на Евреите од Македонија во Народноослободителната борба – изложба што ќе сведочи за нивната борба, хуманост и отпор кон фашизмот.

Сеќавањето е наша должност.

Антифашизмот е наша вредност.

Мирот е наша заедничка одговорност.

Оставете одговор