Конференција „ЛИМУД КЕШЕТ“ за прв пат во Македониј …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Конференција „ЛИМУД КЕШЕТ“ за прв пат во Македонија За првпат во Македонија, Еврејската заедница во Република Македонија беше домаќин на конференцијата „ЛИМУД КЕШЕТ“ каде на едно место беа собрани Евреи од сите поранешни југословенски републики од сите возрасти. Конференцијата се одржа во Струга, во хотел „Дрим“ во период од 1 до 4 ноември 2012 година. Програмата беше исполнета со многу едукативни предавања, како предавањето на почесниот конзул на државата Израел во Република Македонија, г. Виктор Мизрахи, кој ги запозна присутните за историјата на Евреите на територија на Македонија и Тракија до крајот на Втората светска војна и за холокаустот на овие простори, а исто така се одржаа предавања од областа на Јудaизмот, културата, традицијата на Евреите од овие простори од предавачи од сите поранешни југословенски републики, од Израел, а предавање имаше и амбасадорот на држава Израел во Република Македонија, г. Јосеф Амрани Покрај едукативните предавања, имаше и забавен дел, кој беше исполнет со музика и песни изведувани од еврејскиот хор „Моис Хасон“ при Еврејската заедница во Македонија, како и многу креативни и забавни работилници. Исто така, за најмладите имаше посебена програма, каде низ игра и забава учеа за историјата, културата и традицијата на Евреите. Исто така, учесниците на оваа конференција имаа можност да го погледнат и македонскиот филм номиниран за Оскар – „Трето полувреме“ од режисерот Дарко Митревски. Како и секоја еврејска конференција или семинар, така и оваа ја негува еврејската традиција, со заедничко прославување на Шабат, како еден од најсветите празници во Јудаизмот, со палење свеќи за Шабат и со песни и заедничка свечена вечера. Учесните на конференцијата имаа можност да го посетат Охрид со туристички водич, и да се запознаат и со македонската култура и традиција. „ЛИМУД КЕШЕТ“ е една од навозбудливите едукативни конференции, што за првпат беше организирана од страна на британската еврејска заедница пред 30 години, за потоа овој модел да се прошири насекаде и во другите земји, како Литванија, Унгарија, Шведска, Франција, Израел, Швајцарија, Германија и други. Последниве неколку години, овој модел се прошири и на овие простори, како „ЛИМУД КЕШЕТ ЕКС ЈУ“ кој е член од големото семејство ЛИМУД, што на хебрејски означува „учење“.

Оставете одговор