Одбрани трите најдобри ученички творби од ликовнио …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Одбрани трите најдобри ученички творби од ликовниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“ на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија Жири комисијата во состав: м-р Мирјана Крстева Массетти, ликовен уметник и педагог м-р Александар Џинго, ликовен уметник и педагог м-р Ивана Настески, ликовен уметник и педагог на онлајн средбата на ден 04.04.2021 година, ги одбраа најдобрите 3 ученички творби изработени во колаж техника. Во нивниот извештај запишаа: Врз основа на зададената тема на ликовниот конкурс, мора да признаеме дека не беше едноставно да се одлучиме кому да ги доделиме трите места, со оглед на тоа дека наидовме на прекрасни дела од учениците. Сите тие, се потрудиле на искрен начин да одговорат на една сензитивна тема, и низ својата призма да дадат личен, ликовен осврт и поглед. Сепак, ние се одлучивме за ликовните дела: Прво место: Елсана Салиу 7 одд , ООУ Прпарими, с.Чегране, Гостивар, ментор – Икмет Ајети Мошне современо гледање на зададаената тема.Низ црно-белата гама, е изразена темата. Одлично запазена композиција, идеја и силен контраст.Овој цртеж, комплетно ја одсликува зададената тема. Второ место: Константин Солак 9 одд, ООУ Стив Наумов – Битола, ментор- Славица Михаилова Оригинално и креативно дело. Решено во цртеж, со нежни и контрастни линии, наспроти монохромниот дел и ни ја доловува целокупната атмосфера на тој мрачен период од историјата. Трето место: Ема Костова 9 одд, ООУ Гоце Делчев- Битола, ментор – Кристина Стојанова Во овој цртеж наидовме на една исклучително добро реализирана композиција.Мозаичната позадина одлично кореспондира со нежната детска рака, создадена во цртеж со фини и меки линии.Добар спој на колаж и цртеж. Убедени сме, дека сме ја донеле вистинската одлука. На сите ученици и учесници на оваа ликовна изложба и ликовен конкурс, од се’ срце им благодариме на учеството со најискрени желби за добро здравје и успех. Жирито во состав: Мирјана Крстева Масети, Александар Џинго, Ивана Настески Честитки за наградените ученици од целиот тим на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Онлајн изложбата од ученичките творби можете да ја погледнете на оваа страна во делот видеа или на нашиот ЈУ ТУБ канал https://www.youtube.com/watch?v=R6UFvx4KM8g&t=14s

Оставете одговор