Отворена изложбата „Депортација на Евреите од Маке …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Отворена изложбата „Депортација на Евреите од Македонија во Треблинка – 1943“ во Музејот во Треблинка Делегација од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија на 3 април 2016 година (недела) во 12 часот, свечено ја отвори изложбата „Депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка – 1943“ во Музејот во Треблинка, Република Полска. Изложбата е дело на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а нејзиното претставување за пошироката јавност во Република Полска беше во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Амбасадата на Република Македонија во Варшава и Музејот во Треблинка. На свеченото отворање поздравен говор одржаа директорот на Музејот во Треблинка, Едвард Коповка, вршителот на работи во Амбасадата на Република Македонија во Варшава, Горица Атанасова – Ѓоревска, како и заменик претседателот на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Мартина Антиќ. Меѓу гостите, на отворањето на изложбата присуствуваа амбасадорот на Босна и Херцеговина во Варшава, претставници од Амбасадата на Украина во Варшава, претставници од Амбасадата на Република Бугарија и Бугарскиот културен центар во Варшава, како и високи претставници од локалната самоуправа. По свеченото отворање, делегацијата во име на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на жртвите на холокаустот од Македонија (камен со натпис МАКЕДОНИЈА), како и пред главниот споменик на жртвите од Треблинка. Пред главниот споменик, положија цвеќе и претставниците од Амбасадата на Република Бугарија и Бугарскиот културен центар во Варшава. Во чест на жртвите на холокаустот, локалниот рабин Џошуа Елис ја кажа Молитвата за Шоа (холокауст), како и молитвата Ел Мале Рахамим. Оваа изложба ќе биде достапна за јавноста два месеци во Музејот на Треблинка.

Оставете одговор