Промовирана книгата „Струма“ – една приспивна во т …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Промовирана книгата „Струма“ – една приспивна во темнината од Хакан Акдоган Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија организираше промоција на книгата „Струма“ – една приспивна во темнината од Хакан Акдоган. Промоцијата се одржа на 23.05.2019 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Промотор на книгата беше Академик Ферид Мухиќ. Книгата „Струма“ зборува за брод кој испловува од пристаништето Констанца во тешките денови на Втората светска војна и се укотвува на бреговите на Босфор крај Истанбул. До каде ќе ги носи овој мртовечки сандак стотиците Евреи во потрага по нова татковина…? Одговорот на ова прашање е една од најсрамните страници на историјата. Судбината на „Бродот на проколнатите“ е да биде потопен во темните води на Црното Море. Хакан Акдоган (Hakan Akdoğan) е роден во 1971 година во Анкара, Турција. По вокција е филолог. Работел на многу работни места, од чувар во уметничка галерија до бармен, од комерцијален советник за спортска опрема до раководител на продавница, од радио продуцент до уредник во издавачка куќа. Дипломирал “Англиска филологија” на Универзитетот Хаџеттепе и “Медиуми и Комуникации” на Анадолскиот универзитет. На Универзитетот Улудаг работел на програмата “Човекот, општеството и филозофијата”. Има преведено дела од Фернандо Песоа и Маркиз де Сад. Ги има напишано романите “Гола Периде” (Nü Peride), “Сенката што живее” (Gölge Yaşatan), “Струма”, “Допир” (İlişmek), “Ежово растојание” (Kirpi Mesafesi). Добитник е на наградата Јунус Нади (Yunus Nadi) за најдобар роман.

Оставете одговор