Од 17 до 19 мај во Тирана се одржува трилатерален едукативен семинар за наставници во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијал де ла Шоа од Париз, со поддршка на ресорните министерства за образование. Овој семинар е продолжение на неколку претходни кои се од исклучителна важност за наставниците кои ја разработуваат темата ХОЛОКАУСТ. 40 наставници од Србија, Албанија и нашава земја преку работилници, предавања и вистински приказни на преживеани Евреи од Албанија ќе совладуваат нови техники за унапредување на процесот на образование на младите генерации и ќе го надградуваат знаењето и разбирањето за сите историски и сегашни аспекти на холокаустот, како најтемен и најтрагичен дел од современата човечка историја.

ЕДУКАЦИЈА ЗА ХОЛОКАУСТ
Од 17 до 19 мај во Тирана се одржува трилатерален едукативен семинар за наставници во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијал де ла


