Одржан семинар „Холокаустот и масовните злосторст …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Одржан семинар „Холокаустот и масовните злосторства – издвојување преку споредба“ Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Memorijal de la Shoah и Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ одржаа семинар за студентите од Правниот факултет. Темата на семинарот беше „Холокаустот и масовните злосторства – издвојување преку споредба“. На отворањето студентите ги поздравија: проф. Мишо Докмановиќ, деканот на Правниот факултет Сашо Георгиевски, Заменик-шефот на мисијата на германската амбасада Ото Граф, амбасадорот Габриел Атанасов, директорот на Фондот на холокаустот Горан Садикаријо и Бруно Бојер од Меморијал де ла Шоа. Првиот дел од семинарот беше одржан на Правниот факултет каде беа разработени следниве теми: „Историска и правна рамка на масовните злосторства“ и „Војната во Украина и фалсификувањето на историјата“. Предавач во првиот дел беше Томас Чопард. Вториот дел од семинарот се реализираше во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Професорот Мишо Докмановиќ од Правниот факултет зборуваше за „Депортацијата на македонските Евреи“, а Тал Брутман ги разработи темите: „Нацистичката репресивна политика“ и „5 лажни идеи за холокаустот“. Семинарот се одржа на 9 декември 2022 година, а учествуваа 50 студенти. Семинарот беше поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Оставете одговор