КОМЕМОРАТИВНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 81 ГОДИНА ОД ДЕПОРТА …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт КОМЕМОРАТИВНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 81 ГОДИНА ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА Со положување цвеќе пред споменикот на 7.144-те депортирани македонски Евреи во дворот на поранешниот скопски Монопол, Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија одбележаа 81 година од депортирањето на македонските Евреи во центарот за убивање „Треблинка“. На комеморативна програма во Скопје, присуствуваа претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претставници на Собранието и Владата на Република Северна Македонија, амбасадорката на Израел, Симона Франкел како и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Oдбележувањето продолжи и со полагање цвеќе на еврејските гробишта и споменикот на паднатите борци од НОБ. На комеморативната вечер во спомен на депортираните македонски Евреи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше проектиран филмот „Монопол“ од Гал Геносар, според вистинска приказна за едно македонско еврејско семејство. Со посета на Еврејските грибишта во Битола започна комеморативната програма. Пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара беше положено цвеќе, а во кабинетот на градоначлникот на Битола, Тони Коњановски беше примена делегацијата од членови и гости на Еврејската заедница. Се одржа и „поворка на живите“ каде што многумина битолчани симболично ја изодеа последната патека на своите сограѓани. И во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта „Треблинка“. По тој повод на Комеморативната седница во Општина Штип присуствуваше aмбасадорката на Израел во Република Северна Македонија, Симона Франкел, градоначалникот на Општина Штип, претставници на Еврејската заедница во земјава, како и пратеници во македонското Собрание и делегации на државни и локални институции. Со паролата „Да не се заборови“ се одржа и поворка на живите од зградата на Општина Штип до споменикот на депортираните Евреи од Штип, кој се наоѓа во поранешното Кафтанско маало, каде што живееле поголемиот дел од Еврејската заедница. Амбасадорката на Израел, Фарнкел, како и делегации денеска ги посетија и Еврејските гробишта.

Оставете одговор