Научен собир на тема: „80 години од холокаустот на …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Научен собир на тема: „80 години од холокаустот на македонските Евреи“ Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се одржа научен собир на тема: „80 години од холокаустот на македонските Евреи“ посветен на академик Иван Дејанов, предлагач на изградбата на првиот европски музеј на холокауст во Скопје. Организатори на научниот собир беа Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и во соработка со Филозофското друштво на Македонија, Еврејска заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. На отворањето на собирот се обратија претседателот Стево Пендаровски, академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, претседателот на Филозофското друштво на Македонија Љупчо Митковски, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Пепо Леви и Горан Садикарио, главен и извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Горан Садикарио, главен и извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија истакна дека собирот има за цел не само да ја одбрани историската вистина и да се спротивстави на обидите за бришење на доказите за Холокаустот, туку и да укаже на растечкиот антисемитизам во светот и по терористичкиот напад на Хамас врз Израел од 7 октомври оваа година, на тоа дека и денес Евреите повторно живеат во страв насекаде во светот. „За жал сведоци сме на континуиран ревзионизам и искривување на историуксатра вистина за холокаустот на териториите под бугарска окупација од страна на актуелни бугарски функционери и поллитичари. Изминативе неколку години бугарски функцинери дури го поддржа и отворањето на контроверзни бугарски културни клубови во Битола и Охрид што носеа имиња на докажани сојузници на Хитлер. Наместо да покажат политичка зрелост со тоа што ќе преземат морална одговорност и ќе се извинат за случувањата од пред 80 години бугарски функционери и политилари ја условуваат европската интеграција на Македонија со прифаќање на тн „заедничка историја“ во која според нив нема место за вистинската улога на бугарскиот фашистички режим во Холокаустот. За апсурдот да биде уште поголем овој притисок се прави во име на европската иднина на нашата држава. ЕУ не може да се бори против антисемитизмот доколку дозволи ревузионизам на Холокоаустот да биде макар и најмал дел од предусловите за членство“ рече Садикарио.

Оставете одговор