+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт 82 години сеќавање на холокаустот на македонските Евреи Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија одбележаа – 82 години сеќавање на холокаустот на македонските Евреи. Во Скопје, комеморативната програма започна со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во скопскиот Монопол. Таму, свои обраќања имаа Претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, амбасадорката на Државата Израел Симона Франкел и Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски. Бројни делегации, владини и државни претставници и претставници на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија оддадоа почит и на Могилата на депортираните македонски Евреи, како и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта – Бутел. Со свечената комеморативна вечер во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и концертот на хорот „Моис Хасон“, ја затворивме овогодинешната Комеморативна програма по повод 11 март. Изминатите три дена, имаше активности во Битола, Штип и Скопје, кои беа исполнети со длабоки емоции, сеќавања и почит. Комеморацијата заврши, но сеќавањата и лекциите што ги носи оваа трагедија остануваат засекогаш со нас. Овие денови беа потсетник на важноста на историјата и нашата колективна одговорност – да ја чуваме, почитуваме и пренесуваме на идните генерации. Да не заборавиме. Никогаш повеќе.

82 години сеќавање на холокаустот на македонските …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


