+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт „Да не се заборави“ – заеднички настан на Корчагинци и Меморијалниот центар на Холокаустот Меморијалниот центар на Холокаустот создаде уште една ѕвезда на бескрајното небо, именувана „Да не се заборави“. Вредните и креативни Корчагинци, заедно со нивните професори, за прв пат оваа година, во соработка со Mеморијалниот центар на Холокаустот, го организираа овој настан во четвртокот, 26 април 2018. Идејата доаѓа од повеќегодишна соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Yad Vashem од Израел. Приказната за Евреите е приказна која на различни начини е раскажувана од значајни мислители, уметници, културни и научни дејци, ширум светот. Но, Корчагинска приказна е приказна која во една атмосфера на љубов, креативност, професионалност и високи човечки принципи на почитување ја исткаевме заеднички за да кажеме гласно пред целиот свет, пред очите на нашата јавност „НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ“! Молкот е поголем непријател и од непријателот. Евреите ја носат пораката на самонадминување, кодот на националниот геноцид, но и Сизифовската издржливост во смисла на нечовечноста применета врз човека, за да ни ја раскажат истата како една возвишена философија која човекот треба да ја запамети, да ја меморира. „Март е, пролет, време кога на календарите се бележи времето на празниците, посветени на радоста и на обновата на природата, а не време на замолк, не време на смрт…“ („Светилка за Ханука“, Томислав Османли). Кое е чувството кое би се поврзало со синтагмата „соголување на човечноста“? Зошто помалку вредни луѓе; зошто помалку вредна нација? Кој е всушност човекот?, се дел од прашањата кои беа допрени со овој настан. Проектот го реализираа учениците и професорите-ментори на Корчагин: Атанас Сопотски, Валентина Костовска, Митра Блажевска, Сашо Ливрински, Драгица Солунчева, Гордана Геческа, Маја Богданова Христова, Роза Никодиноска, Татјана Голчева.

„Да не се заборави“ – заеднички настан на Корчагин …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


