+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт ИЗЛОЖБАТА „ЕДЕН ЧАС“ – (ONE HOUR) ГОСТУВАШЕ ВО СТРУГА И ОХРИД Патувачката изложба „Еден час“ гостуваше во два прекрасни града. Домаќини ни беа здруженијата на слепи лица, во Струга и Охрид. Поради стеснет простор во здруженијата, презентацијата на нашата изложба ја организиравме во Центарот за културата „Браќа Миладиновци“ во Струга и во просториите на Црвениот крст на Охрид. Поради жешкото време, бројот на членови кои присуствуваа беше помал, но иако публиката беше малубројна, поминавме заедничко квалитетно време од еден час. Прво беше објаснета концепцијата на изложбата (што содржи, зошто токму тие предмети, како и кога се изработија тактилните слики и Брајовите текстови), а потоа беше презентирана историјата, културата, традицијата и обичаите на Евреите од Македонија. Следуваа многу прашања, дискусии и од членовите беа споделени информации за Евреите кои тие ги знаат и и сознанија за животот на Евреите во Македонија, некогаш и денес. Изложбата се состои од 10 паноа. На секое пано има тактилна слика за музејски експонат од Меморијалниот центар на холокаустот, проследена со опис на Брајово писмо. На паноата има и фотографија и текст за сите оние што можат да ги видат, а се придружници на лицата за кои е наменета оваа изложба. Целта на овој проект е зголемување на инклузијата и доближување на еврејското културно наследство до слепите и лицата со оштетен вид. Благодарност за соработката и организацијата на секретарите на Здруженијата од Струга – Симо Петревски и од Охрид – Славчо Џајковски. Голема благодарност и до Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга и Црвениот крст на Охрид за отстапениот простор.

ИЗЛОЖБАТА „ЕДЕН ЧАС“ – (ONE HOUR) ГОСТУВАШЕ ВО СТР …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


