Комеморација во Штип за 535 убиени Евреи од овој г …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Комеморација во Штип за 535 убиени Евреи од овој град Во Штип се одаде почит на 535 депортитрани и убиени Евреи од оваа Општина, во центарот за убивање Треблинка, окупирана Полска. По поворката на живите, на споменикот на депортираните Евреи во Штип положија цвеќе владина делегација составена од Министерот за локална самоуправа – Златко Перински, Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади – Ѓоко Велковски и Државниот секретар во министерството за правда – Дајанчо Ефтимов, пратениците во Собранието на Македонија – Душко Иванов и Благој Бочварски, Петра Декслер – Амбасадорка на Германија, Оливера Трајковска – Претседателка на Комисија со верски заедници, претставници на ОБСЕ, на Еврејската заедница од Нови Сад, Сојузот на борци, претставници од Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. “Денес им одаваме почит на 535 штипски Евреи депортирани и убиени во центарот за убивање Треблинка, вчера одадовме почит на битолските Евреи, а утре ќе им одадеме почит на заедничка комеморација на сите македонски Евреи, во Скопје. Македонија со голем пиетет се потсеќа на депортираните 7.144 Евреи од Битола, Штип и Скопје” – изјави Пепо Леви, Претседател на Еврејската заедница во Македонија. Во свечената сала на Општина Штип имаше комеморативна programa каде се обрати и градоначалникот Јорданов. “Го одбележуваме датумот кога Евреите од Штип биле депортирани во центарот за убивање Треблинка, датум којшто никогаш не треба да се заборави, но и да ни биде поука за во иднина да имаме повеќе толеранција, соживот и да градиме едно заедничко општество без разлика на етничка, верска или било која припадност за сите” – Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

Оставете одговор