Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија го доби признанието „Вељо Манчевски“ На свечен прием насловен „Вера посилна од секоја криза“ организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, ни беше врачено признанието „Вељо Манчевски“ за особен придонес во чувањето и негувањето на еврејската култура и традиција. Признанието му беше врачено на директорот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија – Горан Садикаријо. Нововостановеното признание од КОВЗГР го носи називот „Вељо Манчевски“, името на првиот верски референт на Македонија од 1943 година, раководител на Верското поверенство при Главниот штаб на Партизанските одреди на Македонија, учесник во НОБ и член на АСНОМ, свештеник и човек кој го има поставено темелот на односот на државата со црквите и верските заедници, меѓуверското разбирање, соработка, дијалог и почитувањето на верските слободи и права на секој македонски граѓанин. Признанието „Вељо Манчевски“, ќе се доделува за особен придонес на правни и физички лица кои со својот ангажман, активност и труд трајно се вградиле во развојот и продлабочувањето на различни значајни сегменти во верската сфера во државата. Покрај Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, признанието го добија и протоерејот-ставрофор Спасе Стефановски, проф. д-р Хасан Џило, амбасадор проф. д-р Иван Ангелов, проповедник Михаил Цеков, а постхумно признание беше доделено на познатиот некогашен долгогодишен раководител на Републичката Комисија за верски прашања – Доне Илиевски. Образец од признанието беше доделено и на семејството Манчевски, на наследниците на протоереј Вељо Манчевски, чие име го носи признанието во знак на почит и сеќавање на неговите заслуги за народот, црквата и државата. Од име на сите добитници пред присутните се обрати протоерејот-ставрофор Стефановски, кој заблагодарувајќи се посочи дека наградите се стимул и мотив и за идните млади генерации да чекорат по патот на вистинските вредности. На присутните им се обрати и претседателот Стево Пендаровски кој порача: – Во кризни ситуации е највидливо колку сме мали и немоќни и колку, и како поединци и како заедница, ни се потребни меѓусебната почит и разбирање. Честитки и почит за првите добитници на признанието „Вељо Манчевски“.

Оставете одговор