+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт ПОСАДЕНИ 20 ДРВЦА, ДОНАЦИЈА НА ФОНДОТ НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА Дрвото како симбол на животот е присутно во речиси секоја култура. Денешното садење дрва на улицата Васил Главинов, се совпаѓа со последниот ден од осумдневното одбележување на празникот Ханука. Чинот на садење дрво во себе содржи повеќезначна и мултидимензионална симболика. Едно од нив е раѓање на нов живот. Затоа во име и од почит кон Евреите од Македонија кои се приклучија во НОБ, садиме и создаваме спомен парк кој ќе нѐ потсетува на храброста, сплотеноста и оптимизот со кој беа тие водени. Празникот Ханука н учи за борбата за слобода и идентитет, но и за чудото кое се случило при осветување на вториот храм кога храбрите Макабејци ги победиле Елените. Маслото кое горело во разрушениот храм било доволно за само еден ден, но се случило чудо и маслото горело 8 денови, па затоа Ханука се нарекува празник на светлината и чудото и ја славиме 8 денови. Садењето дрва означува и вечност и е опишано во Талмудот, во кој вели: „Еден човек садел дрво. Случаен минувач го прашал: Колку време ќе треба за да ги уживаш плодовите од дрвото? Човекот кој го садел дрвотот одговорил: 70 години. Минувачот зачудено запрашал: Зарем мислиш дека ќе живееш толу долго? На ова човекот одговорил: Најдов многу дрвја кои моите претци ги засадиле за мене, јас садам за моите деца!“ Но исто така садењето на нови корени асоцира на длабоките корени кои Евреите ги имаат во Македонија, земјата во која живееме и создаваме. Со губењето на листовите на есен и со нивното повторно разлистување на пролет, дрвата симболизираат еден животен циклус. Во плодовите на дрвото има семе од кое се раѓа нов живот. На тој начин, дрвото не е само симбол на животот туку е и симбол на бесмртноста и на победата на животот над смртта преку ново раѓање. Денешниов чин на садење, симболично ги претставува нашите заложби да растеме и пуштаме корени и после траумата од холокаустот. Со здружението Го Грин Скопје ја садиме нашата надеж и оптимизам за подобра иднина за сите нас. Нивниот благороден и еколошки проект “Еко иновативни зони за почист воздух” ја најавува зелената иднина на новите генерации за кои обезбедуваме здрава животна средина и ги едуцираме како да ја одржуваат традицијата проткаена со историското минато. Новите 20 садници, донација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, влеваат надеж, верба и оптимизам за многу идни денови и години и нѐ потсетуваат на Ладино поговорката: Anisina topimos el mundo, Ansina lo vamos a deshar. Како го затекнавме светот, така и ќе го оставиме.

ПОСАДЕНИ 20 ДРВЦА, ДОНАЦИЈА НА ФОНДОТ НА ХОЛОКАУСТ …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


