Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Општина Штип и Министерство за култура на Република Македонија Денес во Штип беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Општина Штип и Министерството за култура на Република Македонија во присуство на амбасадорот на Држава Израел во Република Македонија, Н.Е. Дан Орјан. Соработката подразбира изградба на пат до Еврејските гробишта, поставување споменик, како и реставрација и конзервација на Еврејските гробишта. Согласно Меморандумот, Општина Штип се обврзува да изгради пат и да спроведе електрична енергија до Еврејските гробишта, како и да обезбеди служба за заштита и одржување. Поставувањето на две влезни капии, бекатон, изградба на споменик, камери, и оградување со метална ограда ќе го обезбеди Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија заедно со Еврејската заедница во Република Македонија. Министерството за култура преку националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Штип ќе ја реализира конзервацијата на Еврејските гробишта, согласно проектот усвоен од Управата за заштита на културното наследство и издаденото конзерваторско уверение, во согласност со Законот за заштита на културното наследство. Оваа соработка е од културно – историско значење што ќе придонесе за негување на споменот на културата, историјата и животот на Евреите во Штип.

Оставете одговор