+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Република Северна Македонија примена во полноправно членство на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот Во рамките на грчкото претседавање со Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА), од 2-10 ноември 2021 година, се одржаа пленарните Солунски состаноци (онлине #IHRAfromThessaloniki), на коишто едногласно беше усвоена одлуката за прием на Република Северна Македонија како 35та полноправна членка на ИХРА. Делегацијата на Северна Македонија предводена од амбасадорот Јован Теговски, Национален координатор за ИХРА, ја претстави апликацијата во која што се посочени резултатите и активностите во областите на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот во нашата земја. Австрија и Грција како држави ментори во пристапниот процес упатија силна и недвосмислена поддршка на приемот на нашата земја во ИХРА, а апликацијата беше мошне позитивно оценета и од останатите држави членки на ИХРА и беа искажани највисоки оценки за остварените конкретни резултати во овие области. Полноправното членство на Република Северна Македонија во ИХРА претставува валоризирање на политиките на Владата и нејзината трајна определба за сеќавање на 7.144 Македонски Евреи-жртви на холокаустот, унапредување на образованието и истражувањето на холокаустот, борбата против антисемитизмот, негирањето и искривоколчувањето на холокаустот, говорот на омраза, како и континуирана промоција, почитување и заштита на човековите права. ИХРА е меѓу-владина организација којашто претставува платформа каде што претставниците на владите на нејзините земји членки, национални и меѓународни експерти разменуваат идеи и искуства во врска со политиките и конкретните активности на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, а во последно време и на полето на геноцидот на Ромите. Организацијата добива се позасилена улога во меѓународни рамки, а нејзината релевантност се манифестира и во нејзините активности во борбата против антисемитизмот, негирањето и искривоколчувањето на холокаустот, говорот на омраза, дискриминацијата, ксенофобијата и расизмот. Во ИХРА, покрај нашата земја, членуваат и најголем број земји членки на ЕУ (25), САД, Израел, Канада, Аргентина, Австралија и др.,како и неколку постојани меѓународни партнери-ОН/УНЕСКО, Советот на Европа, ОБСЕ/ОДИХР, Европската комисија и др.



