БРОЈ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА


Обележувањето на затворениците во концентрационите логори во нацистичка Германија бил сложен систем, развиен од нацистичките власти за групирање и стигматизирање на затворениците во концентрационите логори за време на националниот социјализам. На затворениците им бил даван број и посебен белег при пристигнувањето во логорот, во зависност од расата, земја на потекло, казните и сл. Овие ознаки им олеснувале на чуварите во кампот да идентификуваат одредена група затвореници. Системот со броеви и етикети исто така бил начин за дехуманизација, затоа што затворениците ги губеле своите имиња и идентитет.

По пристигнувањето во кампот, секој затвореник бил регистриран и му бил даван број, кој морал да се сошие на облеката. Двапати на ден, затворениците биле прозивани по број.

Практиката за тетовирање на бројот на затворениците била воведена во Аушвиц за лесно идентификување. Поточно, во 1941 година голем број советски воени затвореници почнале да пристигнуваат во логорот, а бројот на мртви значително се зголемил. Бидејќи телата на починатите биле без облека, полесно било да се регистрираат доколку имаат тетоважа. Исто така, тетовираните броеви го олесниувало идентификувањето на избеганите затвореници. Од 1942 година, практиките за тетовирање, почнале да се применуваат во Биркенау. Бројот обично се тетовирал на левата подлактица, со исклучок на деца родени во кампот чии броеви биле тетовирани претежно на бутот. Оние кои биле носени директно во гасните комори, не добивале броеви.

Постоеле две серии броеви, за мажи и жени, а подоцна и за посебни категории на затвореници. Така, на пр. во Биркенау од 1943 година, ромските затвореници со бројот имаа и буква З Z (германски: Zigeuner - Цигани).

Второто ниво на обележување биле триаголниците изработени од ткаенини во различни бои.

Системот за обележување бил стандардизиран до 1938 година, иако имало некои варијации.

 

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN