ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА НАГРАДНИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС РАСКАЖУВАМ ФОТОГРАФИЈА 2024


Во пријатна атмосфера, во Меморијалниот центар на холокаустот беа доделени наградите и признанијата на учесниците на петтиот литературен конкурс за краток расказ „Раскажувам фотографија 2024“.
Авторите имаа можност да се запознаат меѓусебе, а оние кои традиционално учествуваат на наградни конкурси да се видат и сите заедно да си честитаат за уште еден успешно завршен конкурс на кој дале дел од својот творечки набој и квалитет.
На средбата претседателката на жири комисијата Лилјана Пандева го прочита известувањето/ записник на комисијата, а наградените автори прочитаа делови од своите раскази и беа поделени сертификатите.
На крај сите разговараа и споделуваа литературни искуства со мало освежување.
Присутните ги разгледаа изложбите „Мириса на пандишпан“ и „Холокаустот низ призмата на детските очи“.
Честитки за наградените и благодарност за сите автори кои учествуваа на конкурсот.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN