ИЗЛОЖБАТА „ ЕДЕН ЧАС“ – (ONE HOUR) ГО ПОЧНА СВОЕТО ПАТУВАЊЕ


" 1 HOUR "
H- Holocaust museum gives холокауст музејот дава
O- opportunity (for disabled visitors) можност за
U- unique experience уникатно искуство
R- rare exhibition ретка изложба
Holocaust museum gives Opportunity for disabled visitors and Unique experience with Rare exhibition.
Денеска изложбата „Еден час“ го почна своето патување. Ќе гостува во градови низ Македонија каде работат Здруженија на слепи и лица со оштетен вид во рамки на Националниот сојуз. Првата станица беше здружението во Скопје, чии секретар е Елена Ѓурчиноска и која помогна во организацијата на изложбата. Беа поставени 10 паноа. На секое пано има тактилна слика за музејски експонат од Меморијалниот центар на холокаустот, проследена со опис на Брајово писмо. На паноата има и фотографија и текст за сите оние што можат да ги видат, а се придружници на лицата за кои е наменета оваа изложба.
Оние за кои беше наменета изложбата со внимание ја проследија, а во иднина се добредојдени гости на нашиот Меморијален центар на холокаустот. Останавме да се дружиме еден час.
Координатор на проектот за изработка на паноата беше Ирена Ружин, Јове Парговски ги изработи тактилните слики. Текстовите за изложбата ги подготвија Жаклина Мучева и Лилјана Лазаревска Мешковска, а текстот на Брајова азбука го подготви Андријана Шокларовска.
Целта на овој проект е зголемување на инклузијата и доближување на еврејското културно наследство до слепите и лицата со оштетен вид.
Следното гостување е договорено во Велес.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN