ИЗЛОЖБАТА „ЕДЕН ЧАС“ – (ONE HOUR) ГОСТУВАШЕ ВО СТРУГА И ОХРИД


Патувачката изложба „Еден час“ гостуваше во два прекрасни града. Домаќини ни беа здруженијата на слепи лица, во Струга и Охрид. Поради стеснет простор во здруженијата, презентацијата на нашата изложба ја организиравме во Центарот за културата „Браќа Миладиновци“ во Струга и во просториите на Црвениот крст на Охрид.
Поради жешкото време, бројот на членови кои присуствуваа беше помал, но иако публиката беше малубројна, поминавме заедничко квалитетно време од еден час. Прво беше објаснета концепцијата на изложбата (што содржи, зошто токму тие предмети, како и кога се изработија тактилните слики и Брајовите текстови), а потоа беше презентирана историјата, културата, традицијата и обичаите на Евреите од Македонија. Следуваа многу прашања, дискусии и од членовите беа споделени информации за Евреите кои тие ги знаат и и сознанија за животот на Евреите во Македонија, некогаш и денес.
Изложбата се состои од 10 паноа. На секое пано има тактилна слика за музејски експонат од Меморијалниот центар на холокаустот, проследена со опис на Брајово писмо. На паноата има и фотографија и текст за сите оние што можат да ги видат, а се придружници на лицата за кои е наменета оваа изложба.
Целта на овој проект е зголемување на инклузијата и доближување на еврејското културно наследство до слепите и лицата со оштетен вид.
Благодарност за соработката и организацијата на секретарите на Здруженијата од Струга - Симо Петревски и од Охрид - Славчо Џајковски. Голема благодарност и до Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга и Црвениот крст на Охрид за отстапениот простор.
 
 

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN