Маус


Автор: Арт Спигелман

Издавач: Темплум и Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Година: 2018

Јазик: македонски

ISBN: 978-608-4658-97-9

Број на страни: 296

„Маус“ е графички роман на американскиот карикатурист Арт Шпигелман. Делото користи постмодернистички техники и ги претставува Евреите како глувци, Германците како мачки, а Полјаците како свињи. Во 1992 година, стана првиот графички роман што ја освои Пулицеровата награда.

„Маус“ е биографски, но и автобиографски роман. Тоа е приказна за полскиот Евреин Владек Шпигелман, кој го преживеал холокаустот. Авторот кој е и негов син го бележи животниот пат на Владек- од успешен трговец со текстил во Полска, преку ужасот на германската окупација, понижувањата во гетото, па се до логорашкиот пекол во Аушвиц. Истовремено авторот, американскиот стрип- цртач Артур, го претставува проблематичниот однос со неговиот татко и отсуството на неговата мајка, која се самоубила кога имала 20 години.

Книгата користи минималистички стил на цртање и прикажува иновации во нејзината поставеност, структура и распоред на страни. Шпигелман на ова дело работел од 1980 до 1991 година.

Романот е преведен на речиси сите европски јазици.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN