ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 2021 ОТВОР …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 2021 ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА : ЕДЕН ЧАС – ONE HOUR ” 1 HOUR ” H- Holocaust museum gives Холокауст музејот дава O- opportunity (for disabled visitors) можност за U- unique experience уникатно искуство R- rare exhibition ретка изложба Holocaust museum gives Opportunity for disabled visitors and Unique experience with Rare exhibition Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и оваа година се приклучи кон манифестацијата Европски денови на културно наследство кои беа под знакот на инклузијата на лицата со попреченост, односно активностите беа организирани во рамките на темата „Културното наследство за сите“ или „Инклузивно наследство“. Целта на темата е да се сврти вниманието кон маргинализираните групи. За да ја доближиме нашата постојана поставка до слабовидните и до лицата со оштетен вид, изработивме 10 тактилни слики пропратени со опис на Брајово писмо, фотографија и текст. За секоја секција од нашата поставка подготвивме и видеа на знаковен јазик, аудио приказни и брошури на Брајово писмо, со кои посетителите ќе слушнат и дознаат повеќе информации, без оглед на попреченоста. Изложбата ја отвори Горан Садикаријо, извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а присутните ги поздрави Ирена Ружин, член на Бордот на Балканската музејска мрежа и претставник на Македонија во Балканската група за пристапност на музеите. На отворањето присуствуваа членови на националните сојузи на слепи, глуви и наглуви. Текстовите за изложбата ги подготвија Жаклина Мучева и Лилјана Лазаревска Мешковска, Јове Парговски ги изработи тактилните слики, текстот на Брајова азбука го подготви Андријана Шокларовска, а наратор на видео приказните е Силвана Петрова Насух. Посетителите за кои беше наменета изложбата со внимание ја проследија изложбата, а потоа ја разгледаа и постојаната поставка. Во иднина се добредојдени и еднакви гости на нашиот Меморијален центар на холокаустот. Договоривме нивна почеста групна посета.

Оставете одговор