+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Заврши дводневниот семинар со наслов „Чудесниот свет на конзервацијата“ Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа дводневен семинар со наслов „Чудесниот свет на конзервацијата“. Предавач беше м-р Азра Бечевиќ Шаренкапа – текстилен конзерватор од Националниот музеј на БиХ. Учествуваа 12 конзерватори од нашава земја. Учесниците научија многу нови работи, видоа нови искуства во конзервацијата и споделија свои сознанија за практичната работа во нашава земја. Предавачот Азра Бечевиќ Шаренкапа која е текстилен конзерватор од Националниот музеј на БиХ, несебично сподели информации и сознанија од нејзината работа, за што учесниците беа искрено благодарни. Една работилница беше реализирана во Музејот на македонската борба каде се работи на конзервација на одредени предмети, па учесниците можеа да видат што и како е сработено. На овој семинар учествуваа 12 конзерватори, дел од нив докажани во својата струка, дел почетници и дел кои допрва треба да почнат со овој вид професија – студенти. За сите семинарот беше убава можност да се потврди меѓусебната соработка , но и да се збогати мрежата на конзерватори кои во иднина ќе соработуваат и разменуваат искуства. Семинарот е дел од меѓународниот прокет „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија, а во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Целта на проектот е да се зголеми посетеноста во музеите, за повеќе категории посетители, преку десет обуки и семинари, за музејските професионалци од музеите во Скопје. Во текот на оваа година ќе бидат реализирани семинари на повеќе теми од областа на музејската едукација, маркетинг во музеите, пристапност и инклузија во музеите, интерпретација, развој на публика и др. во соработка со искусни предавачи од Балканот. Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.

Заврши дводневниот семинар со наслов „Чудесниот св …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


