+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Заврши трилатералниот едукативен семинар за наставници Околу триесет и девет наставници од Грција, Бугарија и нашава земја учествуваа на трилатералниот едукативен семинар „Холокаустот како појдовна точка“ што се одржа онлајн на 12-13 и 19-20 април 2021 година. Во воведните обраќања на националните координатори и координаторот за меѓународни односи на Memorial de la Shoah, Bruno Boyer, беше истакната важноста на овој вид семинар. Особено беа потенцирани различните историски наративи во земјите од регионот кои многу често продуцираат различни контра-наративи. „Затоа, сметаме дека наставниците имаат должност и обврска постојано да го унапредуваат процесот на образование на младите генерации и да го надградуваат знаењето и разбирањето за сите историски и сегашни аспекти на холокаустот, како најтемен и најтрагичен дел од современата човечка историја“ – истакнаа во своите обраќања. Агендата на семинарот вклучуваше кратки презентации за педагошки иницијативи и искуства поврзани со холокаустот во трите земји, како и теми за антисемитизмот и социјалните медиуми. – Законите за дискриминација/антисемитизам – Прогонот и депортацијата во Југоисточна Европа – Антиеврејски политики, социјалната заштита и меморија – Искривување на холокаустот Беа одржани и осум работилници на кои наставниците активно партиципираа со своите знаења и вештини, а секојдневно беа презентирани извештаи од наученото од претходниот ден. Семинарот беше организиран од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијал де ла Шоа од Париз, со поддршка на ресорните министерства за образование. Овој семинар е продолжение на неколку предходни кои се од исклучителна важност за наставниците кои ја разработуваат темата ХОЛОКАУСТ.

Заврши трилатералниот едукативен семинар за настав …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


