Одбележување на Меѓународен ден на музеите и Европ …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Одбележување на Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеите 2019 Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија за прв пат оваа година се вклучи и стана дел од манифестацијата ” Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеите”, која имаше за цел на пошироката јавност да и ги приближи музеите како исклучително значајни институции во доменот на културата. Како дел од програмата за одбележување на оваа манифестација во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беа организирани повеќе активности наменети за различни возрасни категории, а именувани како „Башка и барабар во еврејската култура и традиција“. Темата оваа година, која ги обедеинуваше сите активности во музеите беше: Музеите како културни центри: иднината на традицијата За најмладите, со цел запознавање со еврејската традиција, беше реализирана работилница за изработка на предмети од глина што ја симболизираат еврејската култура. Учесници на работилницата беа ученици од 7 одделение од ООУ Петар Поп Арсов, под менторство на нивните професори Даниела Штерјова и Мирослав Најдоски. Беше организирана завршна манифестација на училишниот проект ”Холокаустот низ призмата на детските очи” во кој учениците од целата држава земаа активно учество во ликовниот, литературниот и конкурсот за дигитална содржина во рамките на проектот. Потоа се одржа завршен настан и промоција на мобилната апликација „Скриените богатства на старата скопска чаршија“, како и предавање на тема „Креативни индустрии и туризам“ одржано од Доцент д-р Иванка Апостолова. Во рамки на програмата , на 20 мај беше прикажан и документарниот филм „Кој ќе ја пишува нашата историја?“ во режија на Роберта Гросман и Ненси Спилберг.

Оставете одговор