+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Одржана Комеморативна седница по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот По повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот во Министерството за надворешни работи на 27 јануари 2016 беше одржана комеморативна седница со цел оддавање почит на жртвите од холокаустот. Комеморативната седница ја отвори министерката за култура д-р Елизабета Канческа Милевска, а свои обраќања имаа и претставници од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, Еврејската заедница во Република Македонија и Младинскиот Образовен Форум. На овогодишната комеморативна церемонија фокусот беше ставен на младите и потребата од нивно континуирано запознавање со најважните аспекти на холокаустот не само преку образовниот процес туку и преку разни проекти со кои ќе се поттикне нивниот интерес за оваа тематика. Во овој контекст, на настанот присуствуваа и дел од учениците од неколку основни училишта од Република Македонија кои учествуваа во проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи”. Во рамки на комеморацијата беше отворена и изложбата „Ана Франк – историја на денешнината“ која се реализира во соработка со музејот „Куќата на Ана Франк“ од Амстердам и Младинскиот образовен форум од Скопје. Изложбата „Ана Франк“ е предвидено да биде отворена и во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија на 04 февруари 2016 година.

Одржана Комеморативна седница по повод Меѓународни …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


