Викендов (09,10.01) се одржа меѓународниот online семинар за наставници од Република Северна Македонија, Србија и Албанија, на тема „Холокаустот како појдовна точка“ организиран од Меморијалниот центар на холокаустот и Memorial de la Shoah. Во организацијата беше вклучено и Министерството за образование, наука и технолошки развој на Република Србија и Здружението на наставници по историја на Албанија, а со одобрение на МОН на Република Северна Македонија. На овој webinar активно учествуваа 40 наставници од трите држави и иако во изменети услови за работа, семинарот го оценија како успешен и корисен. Предавањата, работилниците и материјалите кои им беа понудени ќе ги искористат во својата работа со учениците при разработка на темата „холокауст“. Во септември е закажана повторна средба кога наставниците ќе ги презенетираат искуствата од примена на методите кои ги стекнаа на овој семинар.

Одржан првиот webinar во 2021 година
Викендов (09,10.01) се одржа меѓународниот online семинар за наставници од Република Северна Македонија, Србија и Албанија, на тема „Холокаустот како појдовна точка“ организиран од


