Во Кавала, Грција се одржа трилатерален едукативен семинар за наставници во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијал де ла Шоа од Париз. Овој семинар со наслов „Холокаустот како појдовна точка“ е продолжение на неколку претходни кои се од исклучителна важност за наставниците кои ја разработуваат темата ХОЛОКАУСТ. Вкупно 40 наставници од нашава земја, Бугарија и Грција преку работилници и предавања совладаа нови техники за унапредување на процесот на образование на младите генерации и го надградија знаењето и разбирањето за сите историски и сегашни аспекти на холокаустот, како најтемен и најтрагичен дел од современата човечка историја. Семинарот беше поддржан од ресорните министерства на земјите учеснички и нашето Биро за развој на образованието.

СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ ВО КАВАЛА
Во Кавала, Грција се одржа трилатерален едукативен семинар за наставници во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијал де ла Шоа од Па


