Во Меморијалниот центар на холокаустот Еврете од Македонија стигнаа тактилни играчки. Овие играчки ќе помогнат да се подобрат постоечките и да се создадат нови содржини наменети за различни возрасти. Со вклучување на тактилните играчки во различни активности, Меморијалниот центар ќе го подобри тактилното искуство на своите посетители и со тоа ќе придонесат за поголема достапност на содржините за лицата со пречки во видот. Донацијата на тактилни играчки е обезбедена преку регионалниот проект „Подобрување на пристапноста на музеите на Балканот за лица со попреченост“. Проектот се реализира во партнерство со Балканската музејска мрежа. Голема благодарност до Милена Милошевиќ Мишиќ – музејски советник и историчар на уметност од Локалниот музеј Књажевац, која ни ги донесе играчките. Оваа регионална иницијатива и проект беше иницирана од Милена Милошевиќ Мициќ, во соработка со колегите од Битола – д-р Ирена Ружин и од Сараево – Аида Миа Брулисауер и Аида Вежиќ.

ТАКТИЛНИ ИГРАЧКИ
Во Меморијалниот центар на холокаустот Еврете од Македонија стигнаа тактилни играчки. Овие играчки ќе помогнат да се подобрат постоечките и да се создадат нови содржини наменети за


