+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Европски денови на еврејска култура 2023 – Денови на отворени врати Во пријатна атмосфера во амфитеатарот на Арт Центарот ги одбележавме „ Европски денови на еврејска култура 2023 – Денови на отворени врати“ и „Европските денови на културнотo наследство“. На овогодинешните Европски денови на еврејска култура Еврејската заедница, учествува по 17 -ти пат со настан врз зададената тема „Спомени“ . Публиката имаше можност да ја проследи музичко драмската изведба на книгата „Стенограми“, од Мориц Романо. Драматизација и режија: Снежана Конески Русо Актери: Петар Горко и Снежана Конески Русо Пијано: Андреј Наунов Баритон: Ернес Ибраимовски Тенор: Игор Гиевски Сопран: Гонца Богоромова Краповски Алти: Тереза Талеска Лазовска и Елвира Шорко Публиката имаше можност да ја погледне и изложбата „Верските обичаи и културната традиција на македонските Евреи – раскажувања низ предмети и фотографии“ од авторката Лилјана Лазаревска Мешковска Изложбата опфаќа предмети кои се поврзани со еврејската религија, а со тоа и со културата која произлегла од неа. Во оваа изложба се претставени 16 предмети преку кои можеме да го следиме не само религискиот живот, туку и празниците поврзани со него, начинот на празнување и културата што ја донеле Евреите со себе при нивното населување на овие простори. Изложбата е надополнета и со фотографии, прикажувајќи го семејниот живот, животот во заедницата и културните особености кои датираат од периодот на 20 и 21 век и ѝ даваат живот и динамичност на изложбата. Од 19.09 изложбата ќе може да се погледне на вториот спрат во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија до крајот на ноември.

Европски денови на еврејска култура 2023 – Денови …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


