+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И ЦЕНТРОПА ОДРЖАА СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ Заврши тродневниот семинар за професионален развој на едукатори од Македонија и Германија на тема : „Справување со антисемитските стереотипи: животот и историјата на Евреите од Балканот “, во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Центропа (Centropa). Во програмските активности наставниците имаа можност да го проследат предавањето на проф. д-р Мишо Докмановиќ – Антисемитизам: значење, историја, факти и примери. Гледаа филмови на Центропа од кои произлегоа презентации за примена на филмот во наставата, проследија презентација за примената на дигиталните алатки во наставата. Учесниците имаа можност да ја погледнат и постојаната поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, ново отворената изложба „Мириса на пандишпан“ , а ги посетија Еврејската заедница и Монополот, местото од каде беа депортирани Евреите од Македонија. Во синагогата Бет Јаков беше одржана работилница од Мина Пашалиќ за еврејската култура и традиција. Учесниците работеа во групи и изработуваа наставен план за примена на филмот во наставата. Секоја група го презентираше сработеното, се разменија искуства од практичната работа и секако контакти за да можат во иднина да соработуваат и креираат заеднички проекти. Семинарот финансиски го поддржаа Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Центропа (Centropa), Американската амбасада во Скопје, Австриската амбасада во Скопје и канцаларијата за надворешни работи на Германија.

МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


