+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Меѓународен проект ЕДУКОН со наслов „Сите бои на конзервацијата“ Успешно реализиран уште еден семинар од меѓународниот проект ЕДУКОН со наслов „Сите бои на конзервацијата“. Предавач беше Кристина Хорјак од Народниот музеј во Белград, Србија, а учествуваа 12 конзерватори од нашава земја. Првиот ден учесниците дискутираа за техниките и условите во кои се изведуваат конзерваторските работи. Предавачот Кристина Хорјак презентираше пример – уметничка слика на која се работело во нивната лабораторија. Стана збор и за видови на материјали кои се користат, подготовка на документација и секако размена на искутва околу начинот на конзервација на оштетени уметнички дела од разни фактори. Вториот ден од Меморијалниот центар семинарот продолжи во Национална галерија на Македонија каде се разгледуваа и дијагностицираа уметнички слики оштетени од разни фактори. Искутвата и досегашната работа на конзерваторите се споделуваа и се предлагаа техники за санација на штетите. Меѓународниот прокет „Едукон“ (EduCon) е поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија, а во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Целта на проектот е да се зголеми посетеноста во музеите, за повеќе категории посетители, преку десет обуки и семинари, за музејските професионалци од музеите во Скопје. Во текот на оваа година беа реализирани пет семинари на различни теми од областа на музејската едукација, маркетинг во музеите, пристапност и инклузија во музеите, интерпретација, развој на публика и др. во соработка со искусни предавачи од Балканот. Благодарност до директорката на Национална галерија на Македонија за можноста да се работи во Даут пашин амам, Дита Старова Ќерими. Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.

Меѓународен проект ЕДУКОН со наслов „Сите бои на к …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


