Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) ја додели годишната награда „18 Мај – Меѓународен ден на музеите за 2023 година“. За Музејски проект на годината (Изложби со нов пристап во презентирањето) награда доби проектот: „Мазал Тов“ – Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни низ стари фотографии документи и предмети чии автор е м-р Жаклина Мучева, раководител на едукативниот сектор во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија За Музејски проект на годината (Меѓународен проект) награда доби проектот ЕДУКОН (Educon) чии автор е Д-р Ирена Ружин, координатор м-р Жаклина Мучева. Проектот е поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а се реализираше во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Останатите добитници се : – Музеј на годината – НУ Завод и музеј Битола – Музејски проект на годината (Отпечатен стручен труд), за проектот: ПАТЕМByTheWay…Времепис (компендиум или префигурирање на стварноста), Д-р Натали Рајчиновска-Павлеска – Музејски работник на годината, М-р Наде Костадиновска Спасеновска, кустос етнолог од НУ Музеј на Република Северна Македонија – Музејски работник на годината, М-р Марија Димишковска, водич едукатор од НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија Честитки за сите наградени, а нам да ни се множат наградите!

НАГРАДИ НА МНК ИКОМ ЗА 2023
Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) ја додели годишната награда „18 Мај – Меѓународен ден на музеите за 2023 година“. За Музејски проект на


