+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Ненасилен комуникациски пристап во образованието на возрасните во историските музеи и меморијалните центри – меѓународен проект на Еразмус+ програмата Полин Музејот на историјата на полските Евреи (Полска), заедно со своите партнери од Меморијалот на Шоа (Франција), Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалот Жанис Липке (Латвија) реализира „Проект за ненасилен комуникациски пристап во образованието на возрасните во историските музеи и спомениците. Целта на проектот, кој се спроведува како дел од програмата Еразмус+, е да се воведе методот на „Ненасилна комуникација“ во секојдневната работа на тимовите кои работат во музеите и меморијалните центри. „Ненасилна комуникација“ (NVC) е метод развиен од д-р Маршал Б. Розенберг, психолог и активист за мир, во 1960-тите. Целта на овој методот е да го поддржи дијалогот меѓу луѓето и да изгради општества засновани на емпатија, земајќи ги предвид потребите на секој човек. Тоа помага во свесниот избор на зборови да го изразиме она што го чувствуваме и што сакаме, и да ја зголемиме шансата за меѓусебно разбирање. За време на семинарите, учесниците разменуваат искуства поврзани со тешки ситуации во справувањето со јавноста и практикуваат користење на методот на емпатична комуникација во работата со публиката. Досега, учесниците во проектот се сретнале двапати. Првиот семинар, со тренерот на NVC, Магдалена Малиновска, се одржа онлајн во јуни 2021 година. Тој главно беше посветен на учење на теоретските основи на „Ненасилната комуникација“ и на нејзино користење во пракса. По втор пат, со физичко присуство, учесниците во проектот се сретнаа во Париз, во Меморијалот на Шоа, во февруари 2022 година. Под надзор на Карин Дукро, тренер на NVC. Како дел од проектот, планирани се дополнителни семинари во Рига, Скопје и Варшава. Еден од резултатите на проектот, кој ќе заврши во август 2023 година, ќе биде создавање на конзорциум кој, пак, ќе им помогне на вработените во историските музеи и меморијални центри да го продлабочат своето стручно знаење и да создадат професионална комуникација на европско ниво. Проектот е кофинансиран од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус +. Забелешка: Поддршката на Европската комисија за објавување на овој текст не претставува одобрување на содржината, која ги одразува ставовите само на авторите, Комисијата не може да биде одговорна за какви било употреба што може да се направи на информациите содржани во него.

Ненасилен комуникациски пристап во образованието н …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


