+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Одбележана годишнината од депортацијата на Евреите од Штип и Битола По повод 79 годишнината од депортацијата на Евреите од Штип, делегација на Фондот на холокасутот и Еврејската заедница денеска положија цвеќе на споменикот на депортираните Евреи од овој град. На присутните им се обрати претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви кој ја истакна загубата и геноцидот на еврејска популација во Втората светска војна, депортацијата на 551 Евреи од Штип кои никогаш не се вратија во своите домови. Сите беа убиени во логорот Треблинка. Во нивен спомен во 1985 година е подигнат споменик кој секоја година на овој датум е посетуван од малубројните потомци на преживеаните. Автор на ова дело е уметникот Методи Андонов. Во Собранието на Град Штип, делегацијата беше примена од градоначалникот Иван Јорданов,каде беше изведена и пригодна програма. Делегацијата од членовите на Еврејската заедница , Фондот на холокаустот, градоначалникот Јорданов и граѓаните на Штип беа дел од „Маршот на живите“ кој тргна од Општина Штип, низ улиците на градот до Споменикот на депортираните Евреи од Штип. Делегацијата ги посети и Еврејските гробишта. Како дел од комеморативните настани во Битола, пред споменикот на депортираните Евреи од Битола, на споменикот на Естреја Овадија Мара и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ, цвеќе положија амбасадорката на Израел, Симона Франкел, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, градоначалникот Тони Коњановски, претставници на Советот на Општина Битола, Еврејската заедница на Република Македонија, конзуларните претставништва и други делегации. На Споменикот на жртвите од холокаустот, цвеќе положи и Шели Леви Друмар, внука на Евреинот Хаим Абраванел, првиот интернист во Битола, чие име денес го носи Здравствениот дом во градот.

Одбележана годишнината од депортацијата на Евреите …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


