Одржан билатерален webinar на 26 и 27 октомври и 0 …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Одржан билатерален webinar на 26 и 27 октомври и 02 и 03 ноември Заврши четвртиот меѓународен online семинар за наставници од Република Македонија и Грција, на тема „Холокаустот како појдовна точка“ организиран од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Memorial de la Shoah. Во организацијата беше вклучено и Министерството за образование, истражување и религии на Грција, а со одобрение на МОН на Република Македонија. Во четирите работни денови учесниците имаа можност да проследат интересни предавања од меѓународни експерти, како што се Тал Брутман, EHESS, кој зборуваше на тема „Холокаустот во Европа“, потоа – Николас Патен, од Универзитетот Бордо Монтањ, кој се осврна на темата „Нацистичка визија за Европа“, темата „Холокаустот, геноцидот и масовните злосторства“- „Геноцидот на Понтите“ ја обработи – Теодосиос Кириакидис, Универзитет „Аристотел“, за Депрортација на Евреите од окупираните територри од страна на Бугарија зборуваше Румен Аврамов, од Софија, а од Македонија како предавач гостуваше професор Мишо Докмановиќ од универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ кој се осврна на судбината на Евреите од Македонија и неговото предавање носеше наслов „По завршувањето на Холокаустот“. Интеракцијата на овој online семинар не изостана, наставниците имаа можност да дискутираат за одредени теми и да искажат свои искуства за обработка на одредени , чуствителни теми од областа „Холокауст“ на часовите со своите ученици. Нивното искуство ги збогати работилниците кои беа со разновидни и актуелни теми. И на овој семинар одличниот едукатор Тања Ленувеит од Куќата на Хаус Ванаси ги анимираше наставниците со темите „Ист настан – различни приказни“ и „Поглед одблизу – работејќи со историски фотографии“, а за „Фиктивните филмови и Холокаустот“ работилница одржа Александра Патрикиу од Музеј на Евреите во Грција. Особено внимание предизвикаа работилниците на Фабрис Теишè од Мемориал де ла Шоа, кој со актуелните теми : „Антисемитизмот и социјалните мрежи“ и „Расни предрасуди и како да се справиме со истите“ ги поттикна учесниците да дискутираат и да искажат свој став за она што се среќава на социјалните мрежи, поврзано со предрасудите, расизмот и антисемитизмот. Интересна работилница одржа и Александра Патрикиу од Музеј на Евреите во Грција со темата „Настава за конфликтните ставови кон Евреите за време на Втората светска војна“. Наставниците поделени во меѓудржавни парови, добија задача да изработат проекти кои ќе бидат оценувани и најдобриот ќе освои награда – патување во Париз и посета на Memorial de la Shoah. Иако во изменети услови за работа, семинарот беше оценет како успешен и корисен.

Оставете одговор