+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Подготовки за проектот „НАСЛЕДСТВО И ТРАДИЦИЈА, МИНАТОТО РАСКАЖАНО ДЕНЕС“ Првиот работен состанок за проектот „НАСЛЕДСТВО И ТРАДИЦИЈА, МИНАТОТО РАСКАЖАНО ДЕНЕС“ во Државниот архив – Одделение Битола. Договорен е текот на реализацијата на проектот, предадени се материјалите и дефинирани се активностите кои ќе финализираат со завршна манифестација. Ученици од Битола и Скопје ќе изработуваат албуми на еврејски семејства убиени во холокаустот. Тие ќе имаат обврска да истражуваат и да собираат податоци во архивите на градовите Скопје и Битола, а секако и во Меморијалниот центар. Во проектот од Битола ќе учествуваат ученици од основното училиште „Стив Наумов“со одговорен наставник Магдалена Сајкова и ученици од гимназијата СОУ „Јосип Броз“ – Битола со одговорен наставник Иљо Трајковски. Проектот има цел да се соберат повеќе фото документирани вистинити приказни за семејства чии имиња ги имаме на листи за депортирање. Учениците ќе го научат истражувачкиот процес, работа во архив, а готовите фото албуми ќе се користат како дидактички материјал во Меморијалниот центар. Проектот ќе се реализира во текот на второто полугодие од оваа учебна година. Носител на проектот е Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а автор и координатор на проектот е Жаклина Мучева. Голема благодарност до Државниот архив – Одделение Битола и директорот Гоце Стојановски кој ја препозна вредноста на овој проект и даде согласност за соработка и учество во истиот. Благодарност и до наставничката Магдалена Сајкова и професорот Иљо Трајковски за учеството и поддршката во проектот. Следи состанок со учесниците од Скопје.

Подготовки за проектот „НАСЛЕДСТВО И ТРАДИЦИЈА, МИ …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


