ПРИЛЕП И БИТОЛА БЕА ДОМАЌИНИ НА ТАКТИЛНАТА ИЗЛОЖБА …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт ПРИЛЕП И БИТОЛА БЕА ДОМАЌИНИ НА ТАКТИЛНАТА ИЗЛОЖБА „ЕДЕН ЧАС“ – (ONE HOUR) На 23 септември, на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, во просториите на Здружението на слепи и слабовидни лица – Прилеп гостуваше изложбата „Еден час“ која оваа календарска година е патувачка. Беа поставени 10 паноа. На секое пано има тактилна слика за музејски експонат од Меморијалниот центар на холокаустот, проследена со опис на Брајово писмо. На паноата има и фотографија и текст за сите оние што можат да ги видат, а се придружници на лицата за кои е наменета оваа изложба. Со топло добредојде бевме пречекани и во просториите на Здружението на слепи лица во Битола. Низ дискусија, прашања и лични искуства зборувавме за историјата, културата и традицијата на Евреите во светот и кај нас. Оние за кои беше наменета изложбата со внимание ја проследија и се договоривме дека следната наша средба ќе биде во Меморијалниот центар. Голема благодарност до претседателот Благој Мишовски и секретарот Љубен Спироски од Здружението на слепи лица на Прилеп кои го овозможија гостувањето на изложбата. Благодарност и до Лилјана Наумовска Корлевска – секретар и Драгче Брдаровски- претседател од Здружението во Битола кои ги организираа членовите на нивнотот здружение и ги подготвија просториите за тактилната изложба „Еден час“. Целта на овој проект е зголемување на инклузијата и доближување на еврејското културно наследство до слепите и лицата со оштетен вид. Изложбата е сопственост на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а проектот патувачка изложба е финансиски поддржан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Оставете одговор