+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Промоција на обработената книга „Дневникот на Ана Франк“ Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија заедно со издавачкиот центар Херои, по поводот 75 годишнината од возобновувањето на работата на Еврејската заедница во нашата земја издаде обработено издание на книга која пред 70 години ја остави Ана Франк. Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше промовирана обработената верзија на книгата „Дневникот на Ана Франк“. Во присуство на голем број ученици од гимназијата „Орце Николов“, ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ интерпретираа извадоци од книгата. На присутните им се обратија Жаклина Мучева од Меморијалниот центар и Тамара Димитрова од Издавачката куќа Херои, а присутните ги поздравија и професорот Душко Стојановски и неговите ученички од Орце Николов: Мелани, Ана, Лина и Деница кои ја обработија приказната за Ана Франк, со илустрации од нивните соученички Огнена и Бисера. Раскажуваа за своите искуства со ваква за нив нова активност и како тие сега поинаку ја доживуваат книгата и холокаустот. Со читањето книги се запознаваме со историските ликови и случувања кои учествувале во обликувањето на денешниот свет, во кој живееме. Запознавајќи ги нив со сите нивни позитивни и негативни страни ние го градиме својот карактер и вредности и учествуваме во создавањето на идното општество кое им го оставаме на идните генерации. За да им оставиме подобро опшество на следните генерации ние треба да ги запознаеме и анализираме ликовите кои со своите секојдневни дејства и активности ни оставаат примери кој треба да ги осудуваме, но и да ги поддржуваме. Затоа препорачуваме оваа книга да биде дел од сите домашни библиотеки и со внимание да се прочита. Книгата се продава во сите трафики во Македонија, во Меморијалниот центар и книжарницата на Херои за само 100 денари.

Промоција на обработената книга „Дневникот на Ана …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


