Професор Гидеон Греиф одржа предавање по повод 70 …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Професор Гидеон Греиф одржа предавање по повод 70 години од ослободувањето на Аушвиц Преку моите предавања, шансите да се стане неонацист се нула. Секоја минута треба да зборуваме за холокаустот и да се сеќаваме на жртвите за да се спречат антисемитски дејства”, вели Греиф. Триста ученици од средното економско училиште “Васил Антевски – Дрен” вчера присуствуваа на предавање за холокаустот во Меморијалниот центар на Евреите. Предавањето го одржа професорот по современа еврејска историја од Израел Гидеон Греиф, кој дојде во Скопје по повод 70 години од ослободувањето на Аушвиц. “Досега сум им се обратил на половина милион млади луѓе во целиот свет. Целта е да не го заборавиме овој најцрн период во историјата на човештвото, иако малкумина сакаат да зборуваат за убиства. Меѓутоа, преку моите предавања шансите да се стане неонацист се нула. Секоја минута треба да зборуваме за холокаустот и да се сеќаваме на жртвите за да се спречат антисемитски дејства”, вели Греиф. Греиф смета дека треба да се работи на воведување посебен предмет во училиштата за изучување на овој период од историјата. “Четири страници во книгите по историја се премалку за да се знае што се случило и како да се заштитиме во иднина. Иако е многу тешко, се надевам дека еден ден холокаустот ќе се изучува подетално”, додаде Греиф. Тој им порача на средношколците да се спротивстават на антисемитските активности, за да не се повтори историјата. “Да бидат храбри индивидуалисти, а не кукавици. Треба да ги препознаат диктаторите и да се казнат најстрого. Само така ќе се заштитиме во иднина и ќе бидеме безбедни, а антисемитизмот ќе остане во историјата”, рече Греиф. Предавањата во Меморијалниот центар се дел од соработката меѓу Еврејската заедница во Македонија и Израел. Превземено од: Вест

Оставете одговор