+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Република Македонија примена како придружена членка во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот На пленарните состаноци на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) кои се одржаа во периодот од 2-5 декември 2019 година, во Луксембург, едногласно беше усвоена одлуката за подигнување на статусот на Република Македонија од земја набљудувач, во придружена земја, а како преодна фаза кон полноправно членство. Делегацијата на Македонија предводена од амбасадорот Јован Теговски, Национален координатор за ИХРА, ја претстави апликацијата во која што се посочени резултатите и активностите во областите на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот во нашата земја. Апликацијата беше мошне позитивно оценета од државите членки на ИХРА и беа искажани највисоки оценки за напорите и реализираните активности во овие области. Македонија во текот на фазата која ќе води кон полноправно членство, согласно правилата на ИХРА, се определи за Република Грција и Република Австрија како за држави ментори. На пленарните состаноци, помеѓу другото, беше донесена одлука за прием на Португалија во полноправно членство во ИХРА и беше усогласен текстот на министерската декларација на ИХРА по повод 20 години од Стокхолмската декларација. Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот е меѓу-владина организација која претставува платформа каде што претставниците на владите на нејзините земји членки, национални и меѓународни експерти разменуваат идеи и искуства во врска со политиките и конкретните активности на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот. Организацијата добива се позасилена улога во меѓународни рамки и претставува силен институционален механизам во справувањето со се почестите појави на антисемитизмот, негирањето и искривоколчувањето на холокаустот, говорот на омраза, дискриминацијата, ксенофобијата, расизмот и др. Во ИХРА членуваат 34 држави, најголем број земји членки на ЕУ, како и САД, Израел, Канада, Аргентина, Австралија и др. Подигнувањето на статусот на Република Македонија во ИХРА претставува валоризирање на политиките на Владата и воопшто нејзиниот ангажман во полето на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, борбата против антисемитизмот, негирањето на холокаустот и другите форми на кршење на човековите права.

Република Македонија примена како придружена членк …
+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе


