Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Memorijal de la Shoah и Правниот факултет „Јустинијан Први“ одржаа семинар на далечина за студентите од Правниот факултет. Темата на семинарот беше „Холокаустот и масовните злосторства“. Беа разработени следниве теми: Омразата кон Евреите во европската историја Деконструирање на 5 идеи за холокаустот Холокаустот во Македонија Родово насилство во рамките на Холокаустот Негирање на холокаустот и јуриспруденција на Европскиот суд за човекови права Правна и историографска рамка на масовните злосторства Геноцидот на Тутсите Случајот со Рохинџите Семинарот се одржа на 29, 30 ноември и 3 декември 2021 година, а учествуваа 55 студенти. Семинарот беше поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.



