Отворена изложбата „НОВИ СВЕДОЦИ НА ХОЛОКАУСТОТ“ в …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Отворена изложбата „НОВИ СВЕДОЦИ НА ХОЛОКАУСТОТ“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија Во рамки на одбележувањето на 72 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија, на 10 март беше отворена изложбата „НОВИ СВЕДОЦИ НА ХОЛОКАУСТОТ“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија веќе четири години е дел од меѓународниот проект „Нови сведоци на холокаустот“. Проектот е заеднички потфат остварен со Меморијалниот центар Јад Вашем во Израел и Министерството за јавна дипломатија и еврејска дијаспора на државата Израел. Изминатите три години, седиште на овој проект беше Македонија, а во 2014 година проектот ги прошири своите граници и беше реализиран во Романија, така што овој пат во проектот се приклучи и Институтот за холокауст студии „Ели Визел“ од Романија. Ликовната колонија, која освен како цел има создавање на ликовни дела, во себе содржи и едукативна настава посветена на холокаустот и историјата на Евреите од Македонија и Балканот. Буштени, беше градот кој ги отвори своите врати и создаде нови сведоци, нови уметнички дела, кои денеска претставуваат сведоштва посветени на минатото, но со порака за иднината. Страдањата на еврејскиот народ во текот на Втората светска војна претставуваат дел од оние мрачни настани што човечкиот разум тешко може да ги прифати и да ги разбере, а воедно се водечка приказна и цел за организирање на оваа ликовна колонија преку која создаваме нови раскажувачи, сведоци на холокаустот. Уметничките дела нѐ навраќаат во грозоморните случувања и чинот од теророт на холокаустот, но секогаш кога ги гледаме ни упатуваат и нова надеж, а освен тоа низ нивните исцртани приказни забележуваме искрена желба и силна порака тоа злосторство никогаш повеќе да не се повтори.

Оставете одговор