Завршна манифестација на преоктот „Наследство и тр …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт Завршна манифестација на преоктот „Наследство и традиција, минатото раскажано денес“ Заврши проектот кој го реализиравме со 4 училишта (две Скопје и две Битола) и две одделенија на Државниот архив на РСМ. Носител на проектот е Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ), а во проектот учествуваа ученици од: – основното училиште „Киро Глигоров“ од Скопје со одговорни наставници Јана Трајковска и Сања Крстиќ – гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје со одговорен професор Роска Јовановиќ – основното училиште „Стив Наумов“ од Битола со одговорен наставник Магдалена Сајкова – гимназијата „Јосип Броз“ – Битола со одговорни професори Иљо Трајковски и Филип Јаковлевски. Учениците имаа задача да изработат албуми на еврејски семејства убиени во холокаустот и во него преку фотографии и текстови да ја раскажат приказната на избраното семејство. Нарацијата се однесува на животот пред холокаустот, за време на војната и нивниот крај. Требаше да понудат и кратка приказна со поинаков крај од трагичниот. Истражувањата ги правеа во Меморијалниот центар, Државен архив на РСМ, одделение Скопје, Државен архив на РСМ, одделение Битола, книги, нет и разни други извори. Проектот има цел да се соберат податоци и да се изработат повеќе фото документирани вистинити приказни за семејства чии имиња ги имаме на листи за депортирање. На вчерашната завршна манифестација учениците ги презентираа своите приказни и споделија искуства од истражувачкиот процес. Свои впечатоци и искуства искажаа и професорите кои го дадоа максимумот овој проект да биде оценет како успешен и да продолжи и следната учебна година. Учениците првпат имаа можност да влезат во архивските одделенија и да се запознаат со процесот на истражување и работење во архив. БЛАГОДАРНОСТ ДО: Сите ученици кои учествуваа во овој проект и нивните професори. Училиштата кои дадоа согласност за соработка. Марија Димеска – Државен архив на РСМ, одделение Скопје Татјана Алексовска – Сапунџиоска – Државен архив на РСМ, одделение Скопје Гоце Стојановски – Државен архив на РСМ, одделение Битола Димитар Ѓорѓиевски – Државен архив на РСМ, одделение Битола Проектот се реализираше во текот на второто полугодие од оваа учебна година. Автор и координатор на проектот е м-р Жаклина Мучева. Готовите фото албуми ќе се користат како дидактички материјал во Меморијалниот центар.

Оставете одговор