ПЕТТИ НАГРАДЕН КОНКУРС „Раскажувам фотографија“202 …

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источе

+389 71 399 005 +389 2 3298 025 info@holocaustfund.org.mk Почетна Новости Најнови информации Видеа Едукација Историја на еврејскиот народ Кратка историја на еврејскиот народ Источен период (стар и среден век) Западен период (среден и нов век) Сефардските Евреи на Балканот – Македонска хроника Евреите на Балканот меѓу двете светски војни Евреите во Југославија Евреите во Македонија меѓу двете светски војни Втора светска војна Што е Ционизам Основање на државата Израел Еврејската заедница во Република Македонија денес Холокауст Што е тоа холокауст Појава на нацизмот и доаѓање на Хитлер на влaст Почетоците на холокаустот Антисемитизам Нинбершки закони „Кристална ноќ“ Почеток на војната Што е гето, животот во гето Конечно решение на „Еврејското прашање“ Конференција Ванзе Логори Холокаустот во Европа и Југославија Холокаустот во Македонија Евреите во движењето на отпорот во Македонија Праведници Други жртви Децата во холокаустот Евреите по војната Жените во холокаустот Негирање на холокаустот IHRA Фондација За нас Мисија Управен одбор Извештаи Меѓународен консултативен одбор Закон за денационализација Меморијален центар Нарачај онлајн Публикации Продавница КОМЕРЦИЈАЛНА ПОНУДА Контакт ПЕТТИ НАГРАДЕН КОНКУРС „Раскажувам фотографија“2024 Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија по петтипат распишува конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии со наслов: „Раскажувам фотографија“ 2024 ТЕМА: Секој петок, на ФБ страната на Фондот на холокаустот ќе биде објавувана фотографија која ќе биде позврзана со животот на Евреите во Македонија. Фотографијата ќе биде лајтмотив за расказот. Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија, во минатото. Прифатливи ќе бидат раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон искоренување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои допринесуваат соочување со минатото, холокаустот, емпатија, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите. Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широко прифатена од читателската публика и која има длабоки корени во сефардската раскажувачка традиција. ПРОПОЗИЦИИ: – расказите да не бидат подолги од 100 реда (три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери ) – расказите да не биле досега објавувани или да биле во конкуренција во предходните конкурси „Раскажувам фотографија“ – во расказите задолжително да има елементи од јудаизмот – право на учество имаат сите полнолетни лица, веќе афирмирани, но и оние кои досега немаат објавувано. – секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу три раскази. Ракописите треба да се испратат на: info@holocaustfund.org.mk со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“ и за која тема се однесува расказот. ТРАЕЊЕ: Конкурсот почнува со објавување на првата фотографија и тема, на 13.9.2024 година. Последната, седма фотографија и тема ќе бидат објавени на 25.10.2024 година, а сите автори ќе можат да праќаат творби до 11.11.2024 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 30.11.2024 година. Датумот за врачување на наградите и одбележување на јубилејот дополнително ќе биде објавен. НАГРАДИ: Прва награда – 25 000 денари Втора награда – 15 000 денари Трета награда – 10 000 денари Расказите ќе бидат жирирани од стручни лица и докажани автори. Фондот го задржува правото за објавување на наградените. Најдобрите раскази, според жири комисијата, ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот. Сите учесници ќе добијат благодарница за учеството на конкурсот.

Оставете одговор