Се одржа третото издание на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ организиран од програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, „Цивика мобилитас“, а спроведуван од НИРАС од Данска и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Првпат на овој настан учествуваше и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и преку рекламниот материјал пред граѓаните го промовираше својот придонес во општеството и заедницата, укажувајќи на настаните од минатото и потребата за сеопфатна едукација за историските факти. На официјалното отворање на настанот се обрати амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, како и меѓународниот лидер на тимот на програмата Цивика Мобилитас Petrus Theunisz и Александар Кржаловски националниот лидер на тимот на програмата Цивика Мобилитас. На фестивалот учествуваа околу 80 организации од кои дваесетина имаа креативни работилници и дебати за посетителите, имаше и хуманитарни акции, активности за едукација и заштита на животната средина, арт терапија за деца со попреченост, прва помош и тестирање за ХИВ, уметнички работилници и друго. Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше покровител на фестивалот.

Фестивал „Ден на граѓанските организации“
Се одржа третото издание на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ организиран од програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, „Цивика мобилитас“,


